• среда, 24 јули 2024

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

Гори борова шума во Тетовско, се гаси и од земја и од воздух

Тетово, 22 септември 2023 (МИА) – Од 11 часот пожарникарите се обидуваат да го изгаснат пожарот што избувна во атарот на тетовското село Милетино во Општина Брвеница. Огнот е на планината Сува Гора, а се гаси со вода од земја со камионите-цистерни на Тетовската противпожарна единица, но и авиони и хеликоптер.

- Пожарот навлезе во борова шума, садена од поранешната ЈНА, поради што кон овој шумски пожар полетаа три противпожарни авиони „Ер-трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување и еден хеликоптер на МВР кои ќе им помогнат на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица Тетово во гаснењето на овој пожар, информираше директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов.

Од Територијалната противпожарна единица Тетово информираа дека една нивна екипа интервенирала и околу 13 часот и изгасила пожар на отворено во атарот на село Лешок, Општина Теарце. ас/дма/

Фото: ЦУК 

Остани поврзан