• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Горд на Албанија, напиша Рама по  отворањето на кластерот за внатрешниот пазар

Горд на Албанија, напиша Рама по  отворањето на кластерот за внатрешниот пазар

Тирана , 15 април 2025 (МИА) - Албанија  синоќа отвори кластер за внатрешниот пазар во пристапните преговори со Европската Унија.

На четвртата меѓувладина конференција Албанија-ЕУ беше отворен кластерот 2, што ги опфаќа поглавјата 1 (слобода на движење на стоки), 2 (слобода на движење на работници), 3 (право на деловно престојувалиште и слобода на давање услуги), 4 (слобода на движење на капитал), 6 (право на комерцијални компании), 7 (законот на комерцијални компании),  7  (интелектуална сопственост), 2 (заштита на потрошувачите и здравјето).

Албански медиуми јавија дека еврокомесарката за проширување Марта Кос на прес-конференција синоќа изјави дека планот е до крајот на годинава да се отворат сите кластери, а следната година да се започне со затворање на поглавјата.

- Додека царините и протекционизмот се враќаат во другите делови на светот, ние ги уриваме бариерите за трговија, рече Кос, додавајќи дека тоа ќе значи повеќе економски можности за компаниите во Албанија и ЕУ и повеќе просперитет за сите.

Албанија го отвори кластерот 6 (надворешни односи) во декември 2024 година и кластерот 1 (фундаменталните елементи) во октомври истата година.

Премиерот Еди Рама кој ја предводеше албанската делегација на овие разговори, составена од министри, заменици министри и раководители на сектори за соодветните поглавја,  на социјалните мрежи доцна синоќа напиша: Горд на Албанија“  објавувајќи фотографија на која е заедно со Кос и делегацијата, на која е очигледна радоста на сите.

Албанија аплицираше за членство во ЕУ во 2009 година, доби кандидатски статус во 2014 година, а првата меѓувладина конференција ЕУ-Албанија беше одржана во 2022 година. вт/ссм/

фото: принтскрин

Остани поврзан