• понеделник, 23 декември 2024

Голем пад на извозот на пченка и сончогледово масло од Украина

Голем пад на извозот на пченка и сончогледово масло од Украина
Прага, 14 април 2022 (МИА) - Украинскиот извоз на пченка би можел да падне за речиси една четвртина во сезоната 2021/2022 поради руската инвазија, а уште поголем пад може да има извозот на сончогледово масло, изјави заменик-министерот за земјоделство Роман Русаков на конференција во Прага.
Според него, извозот на пченка би можел да падне за 24 отсто на 17 милиони тони во тековната земјоделска сезона, која завршува во јуни. - Извозот на сончогледово масло може да падне за една третина, на 3,4 милиони тони, додаде Русаков. Украина е најголемиот производител и извозник на сончогледово масло во светот. Пред војната, производителите го проценија извозот за сезоната 2021/2022 на 6,6 милиони тони.
     

Остани поврзан