• понеделник, 23 декември 2024

Голем дел од Европа под екстремно ниски температури

Голем дел од Европа под екстремно ниски температури
Варшава, 18 јануари 2021 (МИА) - Голем дел од Европа се наоѓа под екстремно ниски температури, што предизвика загадување на воздухот  и нарушување на сообраќајот. Во Полска поради ниските температури испукаа железничките пруги во Варшава, а го влошија и квалитетот на воздухот поради употребата на јаглен за греење. Во некои делови на Полска, температурата падна на минус 28 степени Целзиусови во текот на изминатата ноќ, која беше најстудена во последните 11 години. Според Институтот за хидрометеорологија во соседна Чешка, најниската температура оваа година е измерена минатата ноќ, минус 20 степени Целзиусови, додека денеска во Орличка Захора, планинско село оддалечено околу 160 километри од Прага, во близина на границата со Полска, измерени се минус 27 степени Целзиусови. Поради големо количество снег, лизгави патишта и паднати дрвја, во Германија се регистрирани поголем број сообраќајни несреќи. Ниските температури и ладниот воздушен бран од Арктикот ги зафатија и нордиските земји, како и Турција. Во Истанбул поради снегот беше парализиран градскиот сообраќај. паг/  

Остани поврзан