• вторник, 16 јули 2024

Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ во галеријата „КО-РА“

Годишна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ во галеријата „КО-РА“

Скопје, 3 јуни 2024 (МИА) - Деветнаесетта завршна годишна групна изложба на ликовното студио „Арс Вивенди“ ќе биде отворена вечер во 19 часот во галеријата „КО-РА“ – салон сутерен во Дом на култура „Кочо Рацин“ – Скопје, во рамките на културната понуда на Град Скопје како Европска престолнина на културата 2028.

Меѓу учесниците на 19-тата завршна годишна групна изложба се членови од различна возраст, кои творат под менторство на уметникот и педагог Тони Шулајковски. Тој од 2005 година работи со талентирани деца и го основа приватното ликовното студио „Арс Вивенди“ заедно со проект менаџерката Дијана Петкова.

Делата на овогодишната завршна изложба на членовите на ликовното студио Арс Вивенди се со разнообразна тематика и работени се во повеќе техники: акварел, темпера, акрил на платно, цртеж и дигитален цртеж. ир/вг/

 

Фото: Принтскрин

Остани поврзан