• недела, 17 ноември 2024

Гов: Има проблеми со трговските аранжмани со Северна Ирска

Гов: Има проблеми со трговските аранжмани со Северна Ирска
Лондон, 2 февруари 2021 (МИА) - Британскиот министер Мајкл Гов денеска изјави дека постојат сериозни проблеми со постбрегзит трговските аранжмани со Северна Ирска и побара повеќе време за примена на новите правила. Тој побара продолжување на грејс периодот, истакнувајќи дека Европската Унија треба да соработува со Велика Британија брзо и одлучно за решавање на така наречениот Северноирски протокол. Северна Ирска е единствена копнена граница што Велика Британија ја има со ЕУ и има потешкотии во постбрегзит трговијата, поради што артиклите кои доаѓаат од Велика Британија подлежат на скапи и долги дополнителни проверки. ми/

Остани поврзан