• вторник, 19 ноември 2024

Гир: Од огромна важност е да се работи на целосна имплементација на Преспанскиот, Охридскиот и Договорот за добрососедски односи 

Гир: Од огромна важност е да се работи на целосна имплементација на Преспанскиот, Охридскиот и Договорот за добрососедски односи 

Скопје, 5 јуни 2024 (МИА) - Евроамбасадорот Дејвид Гир смета дека Преспанскиот договор, Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија, секој  на различен начин, имаат донесено значителни придобивки за земјава и вели дека затоа за Европската Унија е од огромно значење да се работи на целосна имплементација на трите договори.

-Преспанскиот договор за којшто се води толку жешка дебата во овој момент има донесено енормни придобивки за вашата земја. Трговијата меѓу Северна Македонија и Грција се има двојно зголемено по потпишување на Преспанскиот договор, развиена е културната соработка, а комуникацијата помеѓу народите на двете земји се има зајакнато исто како и соработката помеѓу двете земји и соработката на воено поле помеѓу војските на двете земји, рече Гир во одговор на новинарско прашање по отворањето на Европската куќа во Тетово.

Тој нагласи дека како резултат на потпишувањето на Преспанскиот договор се имаат зајакнато перцепцијата и позицијата на земјава на меѓународно ниво. Огромни придобивки, како што кажа, има и од потпишувањето на  Охридскиот рамковен договор и Договорот за добрососедски односи со Република Бугарија. 

-Токму поради таа причина за ЕУ е од огромна важност да може да се надгради оваа соработка и овие достигнувања коишто се направени досега и да се работи на целосна имплементација на сите три договори коишто ќе придонесат за поскоро зачленување, всушност за забрзување на евроинтегративниот пат на вашата земја, порача Гир.

 Како што рече, со нетрпение очекуваат да се формира што е можно поскоро стабилна влада којашто ќе ги преземе сите неопходни чекори за имплементација на сите реформи и зачленување на државата во Европската Унија. вј/ас/

Фото: МИА 

Остани поврзан