• понеделник, 25 ноември 2024

Гинисовиот фудбалски рекордер Абреу стави крај на кариерата

Гинисовиот фудбалски рекордер Абреу стави крај на кариерата
Монтевидео, 11 јуни 2021 (МИА) – Легендарниот фудбалски глобтротер, уругвајскиот напаѓач Себастијан „Локо“ Абреу, стави крај на својата 24-годишна кариера во која постави Гинисов рекорд настапувајќи за 31 различен клуб. - Дојде денот кога, за промена, јас давам отказ, изјави 44-годишниот Абреу, откако денеска го осигра својот последен натпревар во кариерата во дресот на Суд Америка во уругвајското првенство. Кариерата во која постигна 437 голови Абреу почна во уругвајскиот клуб Дефенсор, а во својата родна земја настапуваше и за Наџионал, Бостон Ривер, Америка и Централ Еспањол. Го носеше дресот и на три аргентински гиганти – Сан Лоренцо, Ривер Плата и Росарио, а смени и по шест бразилски и мексикански екипи. Кариерата го селеше овој фудбалски глобтротер и во Еквадор, Салвадор, Парагвај и Чиле, а од европските екипи настапуваше за Депортиво Ла Коруња, Реал Сосиедад, Арис и Беитар. ег/гт/

Остани поврзан