• недела, 22 декември 2024

Германски суд поднесе обвиненија против трoјца тинејџери поради планирање терористички напад

Германски суд поднесе обвиненија против трoјца тинејџери поради планирање терористички напад

Берлин, 6 октомври 2024 (МИА) - Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.

Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.

Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици. ссм/

фото: архива

Остани поврзан