• петок, 22 ноември 2024

Германски здравствени групи, наставниците и полицијата се против легализацијата на канабисот

Германски здравствени групи, наставниците и полицијата се против легализацијата на канабисот

Берлин, 8 декември 2023 (МИА) - Неколку германски здруженија за здравствена заштита, како и полицијата и наставниот кадар, во писмо објавено денеска повикуваат да се запре планираната легализација на канабисот, јави ДПА.

Во писмото до Долниот дом на германскиот парламент, Бундестагот, се вели: „Ве молиме, не гласајте за овој нацрт-закон“.

Групите тврдат дека легализацијата ќе постави тек на сериозни социјални последици, особено за развојот и животните перспективи на младите луѓе, наведува германската агенција.

Инициран од Германското лекарско здружение (ГМА), апелот го потпишаа и медицинските и научните здруженија, Германското здружение на наставници и полицискиот синдикат.

Претседателот на ГМА, Клаус Рајнхард рече дека „легализацијата на канабисот води до поголема потрошувачка и ги тривијализира поврзаните ризици“.

-Канабисот може да предизвика зависност и да предизвика сериозна развојна штета. На оваа земја не и треба легализација на канабисот, рече тој.

Наместо тоа, продолжи тој, „потребна е политика за дроги која решително се фокусира на повеќе услуги за превенција и поддршка, особено за младите луѓе'.

Германското здружение на судии (ДРБ) критикуваше дека законот ќе предвиди плејада барања и нови одредби за казни.

Германската коалициска влада неодамна ги договори деталите од нацрт-законот кој има за цел да стапи на сила на пролет. мс/

фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан