• петок, 22 ноември 2024

Германската полиција претресува куќи на десничарските групи

Германската полиција претресува куќи на десничарските групи
Берлин, 23 јуни 2020 (МИА) - Германската полиција утрово спроведува рации во куќи кои наводно ги користат ултрадесничарски групи, кои германските власти ги прогласија за екстремистички. Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер рано утрово ја забрани работата на десничарската група Нордадлер (Северен орел). Како што се наведува, групата дејствува претежно преку Интернет, ширејќи ултрадесничарска екстремистичка идеологија и антисемитизам. Рациите се спроведуваат во четири германски покраини. јт/

Остани поврзан