• недела, 22 декември 2024

Герила акција кај фонтаната „Лотус” во Градски парк, поставена макета - конструкција на јавен тоалет

Герила акција кај фонтаната „Лотус” во Градски парк, поставена макета - конструкција на јавен тоалет

Скопје, 18 мај 2024 (МИА) - Кај фонтаната „Лотус” во Градски парк утрово е поставена макета - конструкција на јавен тоалет. Се работи за герила акција на уметникот Озбек Ајваз која треба да укаже на проблемот со јавните тоалети во градот.

Делото на Ајваз е направено во соработка со архитектката Натали Велеска. Со ова последна акција, Ајваз и Велеска скааат да прикажат предлог решение за тоалет кој би бил изведен од метална конструкција, обложен со дрвени панели. Неговите димензии би биле минимални, 150 X 250 X 250 сантиметри, за што поекономично производство и натамошно одржување.

Според макетата, би имало можност на кровот од тоалетот да се постават соларни панели, но и да има извор на природна вентилација и светло. Екстериерот би имал зелени ѕидови (вертикално поставени растенија), кои би служеле како разубавување на градот, а би се наводнувале преку поставениот дождовник од кровот на тоалетот.

Од страната на макетата е прикажана мапа на Скопје, со означени локации каде би биле неопходни највеќе тоалети за главниот град и општините. мч/мд/

фото: Озбек Ајваз

Остани поврзан