Герасимовски: Јавен повик за „Центарска симфонија“, музички спектакл во срцето на Скопје
- СООПШТЕНИЕ - Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Центарска симфонија“ – мултимедијален концерт на филмска музика што ќе се одржи на 21 јуни 2025 година, по повод Светскиот ден на музиката.
Скопје, 2 јуни 2025
Општина Центар објави Јавен повик за финансиска поддршка на проектот „Центарска симфонија“ – мултимедијален концерт на филмска музика што ќе се одржи на 21 јуни 2025 година, по повод Светскиот ден на музиката.
„Планираме музички спектакл на кој публиката ќе има можност да се потсети на незаборавните македонски шлагери, како и на безвременските филмски мелодии од светската сцена. Овој музички настан ќе не поврзе, ќе не врати низ времето, и да ги разбуди најискрените емоции“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.
Учесниците на Јавниот повик треба да понудат едночасовна програма со оригинални аранжмани за композициите, изведена од еден машки и еден женски вокал (за соло и дует нумери), како и инструментални изведби на гудачки камерен оркестар, саксофон, флејта и бенд во формација: клавијатура, гитара, бас гитара, тапани и придружни вокали.
Сите заинтересирани здруженија, организации и правни субјекти од областа на културата, уметноста и маркетингот со седиште во Центар можат да аплицираат во рок од 5 дена од денот на објавување на повикот.
Вкупните средства за проектот „Центарска симфонија“ изнесуваат 450.000,00 денари.
Општина Центар - Скопје
_______________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки
Фото Општина Центар