• вторник, 13 јануари 2026

Герасимовски: Започна големата целодневна предновогодишна забава во Центар

Герасимовски: Започна големата целодневна предновогодишна забава во Центар

29 декември 2025

Со богата програма за најмладите почна предновогодишното расположение на „Боемска“. Во утринските часови децата уживаа во настапите на училишните хорови и Златните славејчиња, како и во магични шоу изведби. Дедо Мраз им подели пакетчиња, а градоначалникот Горан Герасимовски им упати топли честитки за претстојните празници, се наведува во соопштението од Општина Центар, што МИА го пренесува интегрално.

-Овие моменти се посветени пред се на нашите најмали жители. Им посакувам многу радости, игра и, секако, насмевки во 2026 година, порача Герасимовски.

Во попладневните часови на програмата е уличниот фестивал, а вечерната журка започнува од 20:00 часот на „Боемска“ улица со DJ Александар Јорданов, по што следуваат Brass Brothers и Либеро бенд.

Поканети се сите! Повелете, ве чека луда и незаборавна предновогодишна вечер, сами уверете се зошто Центар секогаш е срцето на најдобрата забава!


 Општина Центар

 

Остани поврзан