• недела, 22 декември 2024

Генерал мајор Бајам Бегај кандидат за нов претседател на Албанија

Генерал мајор Бајам Бегај кандидат за нов претседател на Албанија
Тирана, 3 јуни 2022 (МИА) - Владејачката Социјалистичка партија на попладневната седница на Претседателството одлучи кандидат за претседател на државата да биде Бајрам Бегај, актуелен началник на Генералштабот на вооружените сили на Албанија.
- Се согласивме дека ПС во овој момент треба на Албанците да им даде претседател кој нема политичка кариера, човек со посебни квалитети каков што заслужуваат граѓаните. Тој е избран меѓу 26 можни кандидати, рече по седницата Еди Рама лидер на ПС и актуелен премиер.
Бегај за началник на ГШ на вооружените сили на Албанија беше назначен 2020 година. Пред тоа бил командант на неколку армиски сектори. Роден е на 20 март 1967 година во Рогожина. Дипломирал на медицинскиот факултет, посетувал многу обуки во земјата, САД и во Грција. Оженет е и е татко да две деца. Гласањето за претседател во албанскиот парламент ќе биде утре на пленарна седница закажана за 18 часот. вт/

Остани поврзан