• понеделник, 23 декември 2024

Генералниот секретар на ООН: Се надевам дека олимпискиот дух ќе нè потсети дека припаѓаме на исто семејство – хуманост

Генералниот секретар на ООН: Се надевам дека олимпискиот дух ќе нè потсети дека припаѓаме на исто семејство – хуманост
Њујорк, 3 ноември 2022 (МИА) - Генералниот секретар на Организацијата на обединетите нации (ООН) Антонио Гутереш изрази надеж дека духот на Олимписките игри ќе го потсети човештвото на солидарност. - Олимпискиот дух е заедничка основа за мир и меѓусебно разбирање. Натпреварувачите ги отелотворуваат овие квалитети и не инспирираат сите нас. И се надевам дека овој дух ќе ги надмине Олимписките игри и ќе нè потсети дека припаѓаме на исто семејство - човештвото. Нема граници за постигнување мир, општа благосостојба и унапредување на човековите права. Олимпискиот дух, ферплејот и солидарноста нека бидат светлосен сигнал за сите нас, рече Гутереш во видео пораката до 139-та сесија на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК). Олимписките игри во Пекинг ќе се одржат од 4 до 20 февруари. зс/

Остани поврзан