• сабота, 23 ноември 2024

Гвинет Палтроу не е виновна за несреќата при скијање

Гвинет Палтроу не е виновна за несреќата при скијање

Лос Анџелес, 31 март 2023 (МИА) - Поротата во Судот на Јута (САД) вчера утврди дека глумицата-оскаровка Гвинет Палтроу не е одговорна за повредите што ги претрпел маж при несреќата на скијачка патека во луксузното одморалиште „Парк Сити“.

Тери Сандерсон, пензиониран лекар, велеше оти преживеал потрес на мозокот и четири скршени ребра во настанот во 2016 година. Тој тврдеше дека повредите завршиле со трауматска повреда на мозокот и бараше најмалку 300.000 долари отштета од актерката во граѓанското судење.

Тој, исто така, велеше дека жената, за која, според наводите - подоцна дознал дека е Палтроу, скијала вон контрола и налетала на него од зад грб. Пријател на Сандерсон сведочеше дека видел како Палтроу удира во повредениот човек.

Палтроу, пак, изјави дека таа не ја предизвикала несреќата и оти, всушност, Сандерсон ја удрил неа одзади.

Поротата сепак пресуди дека Сандерсон е виновен нејзе ѝ додели еден долар симболична отштета што таа го бараше во противтужбата.  си/сд/

Остани поврзан