• среда, 26 јуни 2024

Гвардиола сака Силва да остане во Сити

Гвардиола сака Силва да остане во Сити


Манчестер, 10 јуни 2024 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изјави денеска оти сака играчот од средниот ред Бернардо Силва да остане во редовите на англискиот првак, откако претходно повеќе медиуми објавија дека Барселона ова лето сака да го ангажира португалскиот интернационалец.
„Има многу гласини во печатот за Бернардо, но никој сè уште не контактирал со нас. Не сме добиле повици од Барса или други клубови. Тој е одличен играч и се надевам дека ќе остане во Манчестер Сити“, изјави Гвардиола.
Силва (29) е во редовите на англискиот шампион од 2017 година, а претходно играше за Монако и Бенфика.
Изминатата сезона, Силва одигра 49 натпревари на кои постигна единаесет голови, а додаде и десет асистенции. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан