• понеделник, 08 јули 2024

Гвардиола сака во Сити да го донесе Филипс од Лидс

Гвардиола сака во Сити да го донесе Филипс од Лидс
Лондон, 13 септември 2021 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на Лидс, Келвин Филипс, може да ја продолжи кариера во друг клуб, објави „Fichajes“. Според порталот специјализиран за фудбал, Манчестер сити е заинтересиран за 25-годишниот англиски играч. Се известува дека главниот тренер на Сити, Хосеп Гвардиола сака да го види фудбалерот во својот тим. Филипс одигра 30 натпревари за Лидс минатата сезона, постигна еден гол и направи две асистенции. Порталот Трансфермаркт го проценува играчот на 40 милиони евра. зс/

Остани поврзан