Гвардиола по победата над Арсенал: Беше тешко. Артета знае сè за фудбалот, научив многу од гледањето на неговиот тим
- Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја коментираше победата над Арсенал од 1:0 во Премиер лигата.
Лондон, 21 февруари 2021 (МИА) – Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола ја коментираше победата над Арсенал од 1:0 во Премиер лигата.
- Беше тешко како што очекувавме. Моравме да работиме напорно. Тешко е да се игра против Арсенал и Артета, па затоа сум многу благодарен на играчите за оваа победа.
Микел знае сè. Тој е толку добар. Не го велам ова затоа што тој е мој пријател. Тој е толку паметен. Научив многу од гледањето на неговиот тим. Денес научив нешто што можам да го користам во иднина. Тој знае сè за фудбалот, изјави Гвардиола.
Луѓето ја гледаат нашата серија победи и сметаат дека е толку едноставно. Не го очекував ова. Јас сум многу благодарен на играчите за сè што прават. Имаме четири домашни натпревари по ред во Премиер лигата. Ние знаеме што сакаме. Сакаме да направиме голем чекор, додаде шпанскиот фудбалски стручњак.
Сити е лидер во поредокот по 25 кола во Премиер лигата со 59 бодови, најблиску до нив е Лестер со 49 бода. зс/