• понеделник, 23 декември 2024

Гаши - Радуков: Продолжување на соработката, подготвеност за отворен разговор и приближување на народите

Гаши - Радуков: Продолжување на соработката, подготвеност за отворен разговор и приближување на народите

Скопје, 19 септември 2024 (МИА) - Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Бугарија во земјава Желјазко Радуков и му посака успешна и плодна работа.

Како што информира собраниската прес-служба, во однос на парламентарната соработка се очекува продолжување и динамизирање преку парламентарните комисии и пратенички групи, но и на повисоко ниво, со заемни посети.

-Треба да се најде форма на разбирање, на дијалог за градење добрососедски односи, бидејќи минатото не може да се смени, но иднината може, и тоа ќе се постигне со позитивна волја и добри намери. Членството во ЕУ ќе биде добро не само за нашата земја, туку и за Бугарија и за целиот регион, се вели во соопштението.

Самата средба, како што се наведува, испраќа пораки за продлабочување на соработката, подготвеност за отворен разговор и приближување на народите.

- Во овој контекст, битна е инфраструктурната поврзаност и фокусот да се стави на Коридорот 8, кој е од стратешки интерес, стои во соопштението. 

Петседателот на Собранието Гаши посакал успешни и мирни претстојни избори во Бугарија, кои, како што се наведува, ќе донесат стабилна влада, која ќе работи на градење на заемните односи. мд/аа/

Фото: Собрание 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан