• петок, 22 ноември 2024

Гардијан: Не го потценувајте пресвртот што ќе го предизвика смртта на кралицата

Гардијан: Не го потценувајте пресвртот што ќе го предизвика смртта на кралицата
10 септември 2022  Гардијан Настаните по смртта на монархот се целосно предвидливи, тие се свечени формалности вкоренети во ритуалите на династичкото наследство. Смртта на кралицата Елизабета Втора во Балморал за една подготвена, но сепак шокирана нација се најде во таков момент. И важно е нашата проблематична политика и нашето рането граѓанско општество да се соочат со тоа што е можно помирно и разумно, бидејќи овој настан политички и уставно ќе одекнува во годините што доаѓаат, коментира Мартин Кетл за „Гардијан“. Владеење повеќе од 70 години кое нема да се повтори толку брзо Елизабета беше на тронот толку многу години што го отежна овој процес не по своја вина. Таа владееше подолго од кој било друг монарх во британската историја и тоа со значителна предност. Таа е единствената која владее повеќе од 70 години, што тешко дека ќе се повтори во догледна иднина. До вчера, таа беше единствениот монарх што огромното мнозинство од нас некогаш го познаваше - треба да имате најмалку 75 години за барем малку да се сеќавате на владеењето на Џорџ Шести. Ова е голем настан за Британија. Таа претседаваше со систем на лидерство на монархијата кој на некој начин изгледаше безвременски, но всушност беше прилагодлив и карактеристичен. Нејзината издржливост и умешност да одржува дистанца оставија зад себе модел на монархија што на Чарлс Трети нема да му биде лесно да го повтори, особено ако, како што е сосема можно, не успее да ја заслужи почитта што ја уживаше Елизабета. Знаците вчера ненадејно станаа застрашувачки, продолжи Кетл за „Гардијан“. Невообичаено е Бакингемската палата, инаку толку шкрта и некомуникативна во вакви ситуации, доброволно да објавува искрена изјава за здравствените проблеми на монархот. Уште понеобично е тоа што раштрканите, а понекогаш и раскарани членови на кралското семејство наизменично се собираат покрај креветот на монархот во Балморал. Сепак, ова е моментот за кој новиот монарх се подготвува долго време и ќе биде одбележан со промени барем колку и со континуитетот. Тоа е процес на промени во кој многу институции на британското општество, не само Палатата, имаат право да го кажат своето. Дури и монархијата се развива Дури и монархијата се развива, иако бавно. Се развиваше под Елизабета, како што се развиваше под Џорџ Шести. Сигурно е дека понатаму ќе се развива под Чарлс, кој е одлучен да го намали бројот на ангажираните членови на кралското семејство и кој исто така сигурно ќе престане да биде шеф на државата во многу земји од Комонвелтот. Сепак, надвор од ѕидините на палатата се чини дека се разви колективно табу кога станува збор за дискусија за иднината на британскиот живот без Елизабета. Во јануари видовме откривачки пример за оваа навика. За време на бурата околу Партигејт, Кир Стармер стана во Долниот дом на Парламентот и го истакна контрастот помеѓу опуштеното внимание на Борис Џонсон кон епидемиолошките регулативи во Даунинг стрит и прецизното и строго придржување до тие правила на кралицата вдовица на погребот на принцот Филип за време на пандемијата во 2021 година. Тоа беше контраст што милиони луѓе сами го сфатија, но веднаш предизвика укор од претседателката на Долниот дом, Линдзи Хојл, која му рече на Стармер: „Во нормални околности, ние, сосема оправдано, не би го споменувале кралското семејство. Не влегуваме во дискусии за кралското семејство“. Единствената европска монархија која воедно е и на чело на Црквата Ова е инфантилен став на почитуван пратеник. Парламентот можеби не треба да влегува во дискусии за кралското семејство, но сите останати во земјата го прават тоа. Се разбира, истото важи и за медиумите, кои знаат дека кралското семејство - без разлика дали во форма на примерните Кембриџи, проблематичните Сасекси, осрамотениот Ендру или трајната привлечност на Дијана - гарантира добра продажба. Ова го поттикнува верувањето дека парламентот треба да има бесмислена самопонижувачка уредба за системот на уставна монархија на која почива неговата сопствена надмоќ. Идејата дека британскиот начин на воспоставување монархија е единствениот можен модел е бесмислица. Нашата монархија е единствената европска монархија која е и на чело на етаблираната Црква, истакнува Кетл. Делумно поради оваа причина, нашата монархија е единствената што има елаборирано крунисување за да означи ново владеење. Доколку Лиз Трус беше политички лидер на Шведска, таа оваа недела би отпатувала на состанок со претседателот на Риксдагот, а не со монархот, за да биде именувана за премиерка. Кралот на Шведска, исто така, нема никаква улога во свикувањето или распуштањето на парламентот и не го дава своето кралско одобрение за законите. Не го потценувајте пресвртот што ќе го предизвика овој момент Ова се некои од многуте одредби за уставна монархија за кои една возрасна земја може разумно да дебатира, особено на крајот на долгото владеење како она на Елизабета. Списокот сигурно ќе ги вклучи многуте облици на кралски прерогативи што ги ужива британскиот премиер, но кои ерата на Џонсон помогна да се направат контроверзни. Не го потценувајте пресвртот во британскиот живот што ќе го предизвика овој династички момент. Елизабета Втора помина 70 години како скромна, но исклучително ефикасна обединувачка сила во нацијата која видно се распарчуваше. Нејзината смрт ќе ја отстрани таа сила и тешко е да се претпостави дека нејзините наследници ќе можат да ја задржат. На свој начин, ова наследство ќе биде еден од најголемите тестови со кои ќе се соочи модерна Британија. Политиката треба да се вклучи, заклучува Кетл за „Гардијан“. паг/    

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан