• петок, 22 ноември 2024

Ганц го критикува Нетанјаху и повикува на прекин на огнот во ГазаТел Авив,

Ганц го критикува Нетанјаху и повикува на прекин на огнот во ГазаТел Авив,

Тел Авив, 4 септември 2024 (МИА) - Бени Ганц, поранешен началник на генералштабот на израелските вооружени сили и екс-член на воениот кабинет, остро го критикуваше премиерот Бенјамин Нетанјаху и повика на договор за прекин на огнот во појасот Газа.

Ганц, на прес-конференција, истакна дека Израел не треба да ги држи своите војници во Филаделфискиот коридор, спротивставувајќи се на ставот на Нетанјаху, кој смета дека контролата на оваа област на границата меѓу Газа и Египет е од клучно значење за безбедноста на земјата.

Ганц предупреди дека вистинската егзистенцијална закана за Израел е Иран, а не Филаделфискиот коридор, и повика на предвремени избори, истакнувајќи го својот став за напад врз „Хезболах“ за да се запре ракетниот напад од Јужен Либан.ссм/

фото: архива

Остани поврзан