• петок, 22 ноември 2024

Галатасарај сака да го ангажира Верати

Галатасарај сака да го ангажира Верати

Истанбул, 26 август 2023 (МИА) - Фудбалерот од средниот ред на ПСЖ, Марко Верати може да ја продолжи кариерата во Турција, тврди новинарот Николо Шира.

 

За 30-годишниот Италијанец е заинтересиран Галатасарај. Играчот доби и профитабилни понуди од клубови од Саудиска Арабија и Катар.

 

Верати минатата сезона забележа 38 настапи и една асистенција во сите натпреварувања. 

 

Актуелниот договор на играчот со ПСЖ е до 30 јуни 2026 година. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан