• петок, 05 декември 2025

Гакпо го продолжи договорот со Ливерпул

Гакпо го продолжи договорот со Ливерпул

 

Ливерпул, 31 август 2025 (МИА) – Фудбалерот на Ливерпул, Коди Гакпо, стави потпис на нов „повеќе годинешен“ договор со англискиот клуб.

Ливерпул не ја прецизираше временската рамка на новиот договор на 26-годишниот холандски напаѓач во своето соопштение.

„Неверојатно чувство е да го продолжам мојот договор тука во овој прекрасен клуб. Многу сум благодарен и се надевам дека ќе можам да возвратам уште многу добри моменти. Се чувствувам како дома, моето семејство се чувствува како дома и тоа е секогаш голема одлука. Тие се чувствуваат добро. Многу сум среќен во клубот, тоа е добра група, добри соиграчи, па животот околу самиот фудбал е многу добар и уживам во секој момент. Многу сум благодарен што можам да го продолжам мојот договор“, рече Гакпо за веб-страницата на Ливерпул.

Гакпо се приклучи на Ливерпул во јануари 2023 година од ПСВ, и оттогаш одигра вкупно 131 натпревари и постигна 42 голови за актуелниот шампион на Премиер лигата.

ФОТО: ЕПА

Остани поврзан