• понеделник, 23 декември 2024

В недела бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Омбудсманот

В недела бесплатна телефонска линија за пријавување повреди на избирачкото право во канцелариите на Омбудсманот
Скопје, 29 октомври 2021 (МИА) - Во канцеларијата на Народниoт правобранител во недела ( 31 октомври ) на денот на одржувањето на вториот круг од Локалните избори во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на којашто граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени за граѓаните ( покрај главната канцеларија во Скопје), како што соопштуваат од канцеларијата на Народниoт правобранител,  ќе бидат и подрачните канцелари на народниот правобранител во: Битола, Кичево, Куманово, Штип, Струмица во Тетово со цел да им се помогне во остварувањето и заштитата на нивните избирачки права. Покрај на бесплатната линија, граѓаните ќе можат за заштита на своите права да се јават и на следниве телефонски броеви: Тетово: 044 344-082, Кичево: 045 228-586, Битола: 047 242-310 и Куманово: 031 431-488,Струмица 034 329 -996 и Штип 032 389-701. Народниот правобранител, правата на граѓаните ќе ги штити со преземање на итни мерки за ефективно постапување од странa на надлежните органи во изборниот процес и другите институции кои се должни да им обезбедат заштита на нивните загарантирани права. Избирачкото право, како што потенцира народниот правобранител, е уставно загарантирано како еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање и дека никој не смее да биде повикан на одговорност заради остварување на ова право, поради што не случајно повредата на слободата на определувањето на избирачите како и други повреди на избирачкото право се казниви дела. Исто така, народниот правобранител апелира до сите чинители во изборниот процес да ги почитуваат здравствените протоколи утврдени за начинот на гласање. дма/са/

Остани поврзан