• понеделник, 23 декември 2024

Вучиќ: 2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан, најмногу од Северна Македонија

Вучиќ: 2.200 лица се пријавиле за работа во Србија преку Отворен Балкан, најмногу од Северна Македонија

Белград, 7 април 2024 (МИА) - Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека 2.200 лица се пријавиле во последниот месец, од почетокот на издавањето единствени работни дозволи во рамките на слободниот пристап до пазарот на трудот на Отворен Балкан, а најголем дел од пријавените се од Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Вучиќ изјави дека Србија „има проблем со работната сила“, и дека е добро што се направени идентификациски картички како дел од иницијативата „Отворен Балкан“ за Србија, Северна Македонија и Албанија.

-Најголем дел од заинтересираните се од Северна Македонија, изјави Вучиќ на телевизија Информер.

Тој кажа дека на ист начин „неколку стотици српски државјани се пријавиле да заминат на други места“, но дека многу поголем е приливот на работници во Србија, преку „Отворениот Балкан“ отколку одливот на работници.

Вучиќ, исто така, за изјави дека „јавните финансии на Србија се во добра состојба“ и дека очекува јавниот долг на земјата да изнесува 51 отсто од бруто националниот приход (БДП) до крајот на годината, наспроти „70 проценти од БДП“ кога стана премиер.

Тој кажа и дека Србија во февруари имала економски раст од 5,9 отсто.

-Ако вака продолжи, извесно е дека до крајот на годината ќе има значително зголемување на платите и пензиите, најави тој. об/мс/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан