• петок, 22 ноември 2024

Вулин со реакција на Османи за коспонзорството на Северна Македонија на Резолуцијатана ОН за геноцид во Средбреница

Вулин со реакција на Османи за коспонзорството на Северна Македонија на Резолуцијатана ОН за геноцид во Средбреница

Белград, 15 април 2024 (МИА) - По изјвата на шефот на дипломатијата Бујар Османи дека Северна Македонија е еден од коспонзорите на Резолуцијата на ОН за геноцид во Сребереница, во која ја повика и Србија да ја поддржи, прв со реакција се јави поранешниот шеф на безбедоносната агенција БИА и поранешен министер за одбрана, лидерот на Движењето на социјалистите, Александар Вулин, кој порача дека Македонија можела барем да се воздржи, ако веќе неможе да ја поддржи Србија, јави дописникот на МИА од Белград.

-Србија е единствената земја што граничи со Северна Македонија и никогаш не побарала од нејзе да го смени името, историјата, уставното уредување или официјалниот јазик. Кога се викаа Поранешна Југословенска Република Македонија и Скопје, ние ги нарекувавме Македонија. Со нив делевме лекови за време на епидемијата на КОВИД, им ги дадовме нашите резерви од жито, брашно и шеќер, а СПЦ на Македонската црква и овозможи независност и име. Северна Македонија за сето тоа им се заблагодари на Србите со признавањето на таканареченото Косово и сега со ентузијастичко учество во резолуцијата која треба да ги прогласи Србите за геноцидна нација. Северномакедонците знаат дека нивниот глас не значи ништо, дури ни кога станува збор за нивното име или јазик, а уште помалку за Србите, па затоа можеле барем да се воздржат доколку неможат да ја поддржат Србија. Северна Македонија навистина треба да го смени јазикот заедно со името и историјата, како што бараат Бугарите, навистина е глупаво да користат речник во кој немаат зборови за чест, благодарност, пријателство, слобода, срам, ја пренесе пораката на Александар Вулин, Вечерни Новости.

Северна Македонија, заедно со САД, Германија и други земји, е коспонзор на резолуцијата во Обединетите нации за прогласување на 11 јули за меѓународен ден на сеќавање и комеморација на геноцидот во Сребреница во 1995 година и одбележување на истиот секоја година, соопшти на денешната прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи, кој притоа ја прочита Резолуцијата, од каде текстот за прв пат денеска го пренесоа сите српски медиуми.

Пред тоа Османи, го изнесе неговиот став дека на седница на Владата ќе предложи излегување од иницијативата Отврен Балкан.

Техничкиот премиер Талат Џафери исто така денес во интервју за приштинскиот веник Економија онлајн изјави дека Северна Македонија утре ќе гласа за Косово да стане членка на Советот на Европа.

Српскиот државен врв деновиве порача дека приоротет во надворешната политика на Србија ќе биде борбата против усвојување на Резолуцијата на ОН за Сребреница и приемот на Косово во  Советот на Европа. об/дма/

 

Остани поврзан