• понеделник, 23 декември 2024

Вуелинг откажа 54 летови поради штрајк на кабинскиот персонал

Вуелинг откажа 54 летови поради штрајк на кабинскиот персонал
Барселона, 1 ноември 2022 (МИА) - Шпанската авиокомпанија „Вуелинг“ денеска откажа 54 летови, откако започна штрајкот на кабинскиот персонал, објавија шпанската новинска агенција Европа Прес и весникот „Ла Вангардија“. Синдикатот СТАВЛА побара зголемување на платите за 13,4 отсто за кабинскиот екипаж на авиопревозникот со седиште во Барселона.

Кабинскиот персонал ќе штрајкува секој петок, недела и понеделник во периодот од 1 ноември до 31 јануари.

На првиот ден од штрајкот, 466 од 520 планирани летови беа оперативни, објави Европа прес, повикувајќи се на неименувани извори од компанијата. „Очекуваме дека повеќето летови ќе се одвиваат според планираниот распоред. Оштетените клиенти ќе бидат информирани за алтернативни летови преку имеил“, се наведува на веб-страницата Вуелинг.
 
 

Остани поврзан