• четврток, 27 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Втор уписен рок за студирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола

Втор уписен рок за студирање на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола

Битола, 13 септември 2024 (МИА) - Универзитетот „Св. Климент Охридски“од Битола денеска и во понеделник ќе го реализира вториот уписен рок за студенти бруцоши.

Во вториот уписен рок огласени се 1612 места, а од нив 697 за државна квота, 582 за студирање со кофинансирање и 333 за вонредни студенти. Слободни места за упис има во сите универзитетски единици и на сите струки и насоки за студирање во Битола, Скопје, Прилеп, Охрид, Велес и Кичево.

Од УКЛО-Битола информираат дека доколку има слободни места, на универзитетските единици на 24 септември ќе биде организиран и трет уписен рок. мт/бак/

Фото: МИА

Остани поврзан