• понеделник, 23 декември 2024

Втор ден пад на акциите на европските берзи

Втор ден пад на акциите на европските берзи
Лондон, 1 март 2022 (МИА) - На европските берзи утринава цените на акциите паднаа, втор ден по ред, откако инвеститорите се загрижија поради вестите за новите руски воени сили во Украина. Индексот STOXX 600 на водечките европски акции во 9.30 часот беше во минус 0.4 отсто. Лондонскиот FTSE „ослабна“ за 0.03 отсто, на 7.453 поени. Франкфуртскиот DAX се „лизна“ за 0.89 отсто, на 14.331 поен, а парискиот CAC за 0.71 отсто, на 6.611 поени. Утрово најмногу паднаа, во просек над два отсто, цените на акциите во туристичкиот сектор. Од друга страна, рударскиот сектор се зајакна за повеќе од еден процент, благодарение на зголемените цени на суровините. На азиските берзи, цените на акциите пораснаа. Азиско-пацифичкиот индекс MSCI, без јапонскиот, порасна за 0.6 проценти околу 9.30 часот. На токиската берза, Nikkei се зголеми за 1.2 отсто, додека цените на акциите во Хонг Конг, Шангај, Австралија, Јужна Кореја пораснаа за меѓу 0.3 и 0.8 отсто. По неколкуте дена навистина нестабилното тргување, се чини дека азиските пазари се стабилизираа. Вестите за војната во Украина и понатаму се следат, како и почетокот на преговорите меѓу претставници на земјата и на Русија. - Голем дел од тоа што се случува на пазарите е во сенка на вестите за преговори меѓу Украина и Русија. Наредните денови ќе биде важно и тоа што ќе преземат владите и централните банки, кога се во прашање монетарната и други политики, изјави Кери Крејг, стратег во компанијата J.P.Morgan Asset Management. Инвеститорите ги загрижува и ризикот од понатамошен раст на инфлацијата, поради зголемување на цените на енергијата, што може да ги наведе централните банки на заострување на монетарната политика. А, со тоа ќе се забави растот на глобалната економија. бд/ссм/

Тагови

Остани поврзан