• сабота, 23 ноември 2024

Втора Т Бизнис конференција на Телеком под мотото „За нови дигитални перспективи’

Втора Т Бизнис конференција на Телеком под мотото „За нови дигитални перспективи’

Скопје, 15 мај 2024 (МИА) -  Дискусии на темите: сајбер безбедност, клаудификација, дигитална канцеларија, дигитални управувани услуги и паметни ИКТ решенија, понуди втората Т Бизнис конференција што ја организираше Македонски Телеком под мотото „За нови дигитални перспективи“, со фокус на мали и средни компании од источна, централна и западна Македонија, како и на институционални корисници. 

Целта, како што соопшти денеска компанијата, останува иста - помасовно користење на дигиталните решенија, што ќе придонесе за забрзување на дигиталната трансформација на општеството.

-Дигиталната трансформација денес е неопходна за бизнисите. Наша задача како технолошки лидер и доверлив партнер е да го поттикнеме и забрзаме тој дигитален премин, што е уникатна можност за економски раст и развој на целото општество. Токму затоа веруваме дека знаењата и решенијата за дигитализација треба да се споделат со што е можно повеќе компании низ цела Македонија, за сите заедно да можеме да одговориме на предизвиците на модерното време , изјави Марјан Богатиновски, главен директор за деловни корисници на Македонски Телеком.

На конференцијата се презентирани решенија  коишто се дел од портфолиото на МТ, како и ново оригинално решение за управување со електрична енергија, креирано и произведено од компанијата. Се најави и продолжување на развојот на иновативно решение за телемедицина. лв/са/

фото: Македонски Телеком 

 

Остани поврзан