• среда, 26 јуни 2024

Втора конференција „Чувари на мудроста“

Втора конференција „Чувари на мудроста“

Скопје, 11 јуни 2024 (МИА) -  Втората конференција „Чувари на мудроста“ - BACK 2 BACK, во организација на Халкбанк АД Скопје, ќе се одржи денеска во Младинскиот културен центар.

На настанот успешни и реномирани личности од државава ќе ги споделат своите животни и професионални искуства и совети со младите.

Дел од говорниците на настанот се директорот на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, успешните претприемачи Нина Ангеловска и Петар Ниновски, професорите Мишко Ралев и Радмил Поленаковиќ, Неда Малеска од Центарот за управување со промени, невропсихијатарот Славица Гајдаѕис  Кнежевиќ и културната работничка Искра Гешовска се само дел од говорниците на настанот.          

Целта на конференцијата е да се обединат и искористат искуствата и знаењето на искусните и успешните професионалци во различни области за да се пренесат практични мудрости и да се поддржи кариерниот развој и едукацијата на младите луѓе.

Концептот на настанот предвидува седум сесии на различни теми, на кои говорниците ќе дискутираат во парови и ќе ги споделат своите искуства за областа во која работат. Публиката ќе има можност да слушне корисни совети за кариерен развој, но и за животната философија на говорниците од различни генерации.

Во рамки на конференцијата ќе се одржат работилници за дефинирање и развој на бизнис идеи кои ќе произлезат од младите. Присутните ќе имаат можност да посетат и работилница за брендинг на стартап компании. ар/лв/

 

Остани поврзан