• понеделник, 23 декември 2024

Врховен ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“

Врховен ги одби барањата  за вонредно преиспитување на правосилна пресуда за предметот „Шпион“

Скопје, 9  февруари 2023 (МИА) - Судечкиот совет на Одделот за казниви дела вчера на седница одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Шпиoн“.-Судечкиот совет на Одделот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда со која барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од осудениот М. Н., лично и преку неговите бранители, против пресудата на Основен суд Скопје 1 Скопје КОК.бр.107/13 од 06.10.2014 година и пресудата на Апелационен суд Скопје КОКЖ.бр.97/21 од 22.03.2022  година, ги одби како неосновани, информираат денеска од Врховниот суд на Република Северна Македонија. дма/сст/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан