• петок, 05 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 6 април 2020 (МИА) – Времето во нашата земја ќе биде сончево со мала до умерена облачност, во јужните делови пооблачно. Ќе дува умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до 6, а дневната од 7 до 17 степени. Во Скопје сончево, со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 17 степени. Следува период на стабилно и потопло време. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат значително повисоки.

Остани поврзан