• вторник, 25 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 3 март 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец, особено во источните делови. Попладне и кон крајот на денот од запад ќе започнат врнежи од дожд кои во текот на ноќта ќе се прошират и локално ќе бидат поинтензивни, проследени со силен ветер. Утринската температура ќе се движи од 3 до 7 степени, а дневната од 10 до 21 степен. Во Скопје променливо облачно со засилен ветер претежно од југоисточен правец.  Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 19 степени. Во среда ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен, а во четврток од северен правец.

Остани поврзан