• среда, 03 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 5 април 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од североисточен правец Утринската температура ќе се движи од 2 до 8, а дневната од  8 до 14 степени. Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 6, а дневната ќе достигне до 12 степени. Од понеделник следува период на стабилно и сончево време со ниски утрински температури, а дневните температури ќе бидат во пораст.

Остани поврзан