• недела, 07 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 4 април 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини од снег. Пообилни врнежи ќе има во јужните делови. Ќе дува умерен, а во западните и крајните источни делови повремено засилен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се движи од 2 со 6, а дневната од  7 до 12 степени. Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 3, а дневната ќе достигне до 10 степени. И во недела ќе има локални врнежи од дожд, кои во текот на денот ќе престануваат. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Од понеделник следува период на сончево време со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во постепен пораст.

Остани поврзан