Временска прогноза
- Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
![Временска прогноза](https://new.mia.mk/images/20221104004014_big_730x400_17.webp )
Скопје, 11 јуни 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со умерена облачност, попладне на места нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 9 до 17, а дневната од 21 до 29 степен.
УВ-индексот ќе изнесува 7.
Во Скопје сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 27 степени.
Во следните денови во претпладневните часови ќе биде сончево со умерена облачност, а во попладневните ќе има локална појава на дожд, грмежи и засилен ветер.