• петок, 28 јуни 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 28 мај 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд , попладне со ретки грмежи. Ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер, особено изразен вдолж Повардарието. Утринската температура ќе се движи од 4 до 13, а дневната од  15 до 23 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6. Во Скопје променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува  умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 19 степени. Продолжува периодот на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и појава на грмежи.

Остани поврзан