• среда, 03 јули 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 1 ноември 2020 (МИА) - Времето денеска во државата ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од 0 до 9, а дневната од 14 до 21 степен. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 17 степени. Во следните денови, како што соопшти УХМР, ќе преовладува претежно сончево време со мала до умерена, а на места, особено во северните и источните делови повремено значителна облачност со услови за слаб локален дожд. До среда дневните температури ќе бидат во благ пораст, а потоа ќе имаат тенденција на опаѓање. вг/

Остани поврзан