• сабота, 21 декември 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 18 септември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде променливо облачно со засилен северен ветер, кој особено ќе биде изразен во западните и северните делови. Во јужните подрачја ќе има услови за повремен локален дожд. Утринската температура ќе се движи од 9 до 18, а дневната од 26 до 31 степен. Во Скопје, променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе достигне до 29 степени. Зголемена облачност ќе има и во сабота, а потоа следува период на посончево време со пониски утрински температури.

Остани поврзан