• сабота, 29 јуни 2024

Временска прогноза

Временска прогноза
Скопје, 16 септември 2020 (МИА) – Времето во земјава ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од 8 до 16, а дневната од 27 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 14, а дневната ќе достигне до 21 степен. Во четврток попладне и во петок времето ќе биде променливо облачно со локален пороен дожд и грмежи, особено во јужните делови од земјава. Во петок ќе дува засилен северен ветер. Од сабота и во наредните денови ќе преовладува стабилно време, а температурите ќе бидат во опаѓање.

Остани поврзан