ВРЕДИ: Додека Бујар Османи зборува за европски вредности, Артан Груби мести тендери
- СООПШТЕНИЕ - Сега кога веќе им се доближивме на претседателските и парламентарните избори, и кампањата започна, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека корупциските скандали на ДУИ преку Лотаријата на грбот на граѓаните, не запираат.
Скопје, 5 април 2024
Сега кога веќе им се доближивме на претседателските и парламентарните избори, и кампањата започна, сакаме да ја информираме пошироката јавност дека корупциските скандали на ДУИ преку Лотаријата на грбот на граѓаните, не запираат.
Додека Бујар Османи зема храброст и зборува за миграцијата на младите луѓе, Артан Груби преку Перпарим Бајрами и Лотаријата на Северна Македонија отвори тендер за 2000 нови апарати за казина и 2000 столчиња за апаратите за казина, каде според цените на претходните набавки оваа сума ќе достигне вредност од 20 милиони евра пари на граѓаните!
Додека Бујар Османи зборува за верификација на носителите на функции, како да ја контролира чистотата на функционерите, Артан Груби преку Лотарија и Перпарим Бајрами отвора уште 6 други тендери во вредност од 2 милиони евра пари на граѓаните, за рекламирање и маркетинг на игрите на среќа и казина, кои еден млад човек нивните реклами да ги гледа на билбордите во градот, на телевизија, на радио, на фејсбук итн.
Додека Бујар Османи ја елаборира опасноста од Русија, Артан го подготвува теренот исто како и сите други тендери во Лотаријата, и овие да ги добие подземјето на Србија!
Почитувани граѓани, денес јавно прашуваме, дали е вистина дека парите наменати за изградбата на градинки, на владини состаноци, се подготвуваат планови како овие средства да се пренаменат за потребите на лотаријата на Северна Македонија, и со истите да купите повеќе апарати за казина и да отворите уште повеќе казина? Значи да ги скратите средствата од градинките, и да ги додадете во бизнисот каде што сте партнер, бизнисот на коцкањето. До каде ќе оди вашата алчност за пари?
Знаете ли колку училишта, градинки, колку амбуланти, колку старт бизниси, колку капитални инвестиции можат да се реализираат со овие пари?
Цели 76 милиони евра само за еден мандат, за 4 години потроши Артан Груби преку неговата Лотарија за бизнисот на казината!
Како ДУИ, која некогаш ги претставуваше Албанците и УЧК, денес да биде позната повеќе по скандалите Лотарија, Соравија, Евровија?
Почитувани граѓани, изборите се ближат, а како никогаш досега се разликува белото од црното. Во вашите раце е да ја осудите оваа наопака политика и да дадете можност за ПРОМЕНАТА, со нови, чисти кадри кои сакаат да придонесат за народот и земјата.
Со еден глас на денот на гласањето можете да го направите ова, првично со поддршка на кандидатот за претседател на коалицијата ВРЕДИ г-дин. Арбен Таравари на 24 април, а потоа и нашата листа на пратеници на 8 мај, бидејќи ВРЕДИ.
ВРЕДИ
________________________________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
Фото: ВРЕДИ