• понеделник, 01 јули 2024

Во Јапонија евакуирани околу два милиона луѓе поради тајфунот Нанмадол

Во Јапонија евакуирани околу два милиона луѓе поради тајфунот Нанмадол
Токио, 18 септември 2022 (МИА) - Околу два милиона луѓе се евакуираат од приморските градови Мијазаки, Кагошима и Амакуса пред налетот на супер тајфунот Нанмадол. Тајфунот Нанмадол денеска го погоди Кјушу, најјужниот од четирите главни острови во Јапонија. Железничките компании ги откажаа возовите во регионот, а околу 950 малопродажни објекти се привремено затворени. Нанмадол е 14 тајфун во сезоната, а од Заедничкиот центар за предупредување за тајфуни на американската морнарица е класифициран како супертајфун. ми/

Остани поврзан