• сабота, 23 ноември 2024

Во Јапонија во октомври имало поголем број на самоубиства од починати од последици од Ковид-19

Во Јапонија во октомври имало поголем број на самоубиства од починати од последици од Ковид-19
Токио, 29 ноември 2020 (МИА) - Јапонската полиција денеска соопшти дека во октомври регистрирани се 2.153 самоубиства, а од последици од новиот коронавирус починале помалку од 2.000 луѓе. Од почетокот на годината во Јапонија забележани се 17.000 самоубиства, а според експертите по памдемијата е влошено менталното здравје на Јапонците поради долготрајната изолација, одвоеност од членовите на семејството, невработеноста и другите финансиски проблеми. - Мораме сериозно да се соочиме со реалноста, изјави портпаролот на јапонската Влада, Кацунобу Като и ги повика Јапонците да побараат помош преку телефон и социјалните мрежи. Јапонија традиционално има висока стапка на самоубиства, но неколку години, пред пандемијата, регистриран е пад на нивниот број. ми/  

Остани поврзан