• петок, 05 декември 2025

Во Штип одбележан Денот на лицата со попреченост

Во Штип одбележан Денот на лицата со попреченост

Штип, 3 декември 2025 (МИА) - Со рецитал и музички точки денеска во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип се одбележа 3 Декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост. Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов рече дека целта е овие деца да бидат вклучени во самото општество, прифатени и со подобро образование.

- Јас се надевам дека од година во година создаваме еднакви можности за сите наши сограѓани, без разлика на попреченостите и на можностите, затоа што тоа е наша обврска и тоа е наш приоритет. Денес е денот кога ги потврдуваме заложбите и го трасираме патот за иднина, рече Јорданов.

Најголем проблем со кој моментално се соочуваат лицата со попреченост е потребата од образовни асистенти во средните училишта. Директорот на Државното средно училиште „Искра“ – Штип, Марјан Арсов рече дека се работи со ресорните министерства за надминување на овој проблем, за децата да следат образование, но и подобро да бидат прифатени во општеството.

-Лицата со попреченост имаат многубројни проблеми во делот на образованието. Знаете дека средното образование се имплементира со образовни асистенти и ова е проблематика која засега повеќе министерства, рече Арсов.

Денешниот настан беше збогатен со настап на дечињата од Државното средно училиште „Искра“, а со своја точка се преставија и учениците од ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ Штип. Во меѓувреме во месец декември се очекуваат голем број настани за децата и лицата со попречености.

Градоначалникот на Штип, Јорданов денеска беше и во посета на лица со попреченост во Здружението за инвалиди во Штип. На настанот присуствуваа претставниците на општините Штип и Карбинци, кои дадоа голема подршка до лицата со попреченост. Јорданов истакна дека лицата со инвалидитет треба  да бидат повеќе вклучени на пазарот на труд, за да можат да допринесуваат, да додаваат вредност. Порача дека за одредени промени не се потребни секогаш финансиски средства, туку е потребно и подигање на свеста кај граѓаните.

-Затоа за одредени промени не се потребни секогаш финансиски средства, туку е потребно и подигање на свеста кја нашите сограѓаните, затоа што првиот чекор е направен. Но понатаму како ќе го мениме општеството зависи од секој еден од нас, а како локална самопурава ќе работиме секогаш заедно со вас, прифаќајки ги вашите предлози во рамки на нашите можности и во име на тоа јас посакувам од година во година да овозможиме лицата со препреченост да бидат вклучени на пазарот на труд. Да можат да допринесуваат и да додаваат вредност во пазарот за труд. Да имаат право на вработување на придонес и продуктивност, изјави Јорданов.

Јорданов рече дека во општеството има недостатоци и дека е потребно многу промени за да се овозможи на ваквите лица, без разлика на нивните можности да бидат еднакви. вдј/сст/

Фото: МИА

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан