Во Штип одбележана неделата на имунизација
- На градскиот плоштад „Слобода“ во Штип со музика и едукација најмалите во детските градинките беше одбележана европската недела на имунизацијата. Лекарите од здравствениот дом „Панче Караѓозов“- Штип дадоа препораки и апел за имунизација на децата, со цел да се спречат болестите, кои се од висок ризик.
Штип, 30 април 2025 (МИА) – На градскиот плоштад „Слобода“ во Штип со музика и едукација најмалите во детските градинките беше одбележана европската недела на имунизацијата. Лекарите од здравствениот дом „Панче Караѓозов“- Штип дадоа препораки и апел за имунизација на децата, со цел да се спречат болестите, кои се од висок ризик.
Педијатарот од Здравствен дом „Панче Караѓозов“ –Штип, Драгана Миновска-Рунтева, рече дека имунизацијата е потребна за да децата стекнат имунитет кон болестите за кои се уште нема лек или се со тешки последици.
-Настанот е под мотото „Имунизација придобивка на сите“. Оваа година се одбележува во периодот од 27 април до 3 мај. Сакаме да дадеме важност на значењето на вакцините, како и нивната придобивка од самата имунизација во однос на болестите кои што немаат лек и завршуваат со смртен исход. Имунизацијата е најважна алатка во спречувањето на глобалната епидемија. Таа е потребна најмногу за тој предвремен стекнат имунитет, кој што би го добиле со вакцина, а воедно по тој начин би создале имунитет кон одредена болест, која што се уште нема лек или пак има тешки последици од самата болест, изјави Миновска-Рунтева.
Голем апел за да се вакцинираат децата, упати и директорот на здравствениот дом „Панче Караѓозов“ во Штип, Горан Андонов, истакнувајќи дека вакцините се безбедни и испитани од светските центри. Инаку, настанот се оддржа со богата програма за дечињата. Присуствуваа родители, како и градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов, заедно со претставниците на локалната самоуправа. вдј/сст/
Фото: МИА