• четврток, 19 март 2026

Во Штип обука за нарачка на учебници преку електронски систем

Во Штип обука за нарачка на учебници преку електронски систем

Штип, 18 март 2026 (МИА) – Во Штип денеска е реализирана првата обука во државата за нарачка на учебници преку електронски систем. Обуката ја реализираа стручни лица од Министерството за образование и на наука (МОН) од Секторот за учебници и педагошко советување, а присуствуваа директори од повеќе основни и средни училишта од општините од Брегалнички регион. Раководителите на Секторот за учебници и педагошко советување  во МОН, Икмет Асалмани вели целта е да се изнајде решение за секоја потешкотија при нарачката, за да накрај се обезбедат соодветните учебници, кои се основното наставно средство. 

- Обуката е со тема нарачка на учебници преку електронскиот систем за нарачка на учебници за основно и средно образование. На обуката учествуваат директори од средни и основни училишта, а исто така и одговорни лица за нарачка што ја праваат во електронскиот систем. Значи главната цел е при процесот за нарачка на учебници да се отсртани секоја евентуална грешка, одиме превентивно, а министерството води грижа и за тоа-рече Асалмани. 

Таа додаде дека на обуката има добри објаснувања, на поставените нејасни прашања од страна на раководствата на училиштата.

-Сега гледам по обуките, значи имаме добро поставени прашања добри објаснувања. Затоа што колку и да е едноставен системот, сепак си има некој елементи, кои што се случува од страна на училиштата да настанат и тоа се рефлектира во самата нарачка на учебници-вели Асалмани.

Министерството за образование и наука вакви обуки има предвидено и за училиштата во Скопје и западна Македонија. вдј/са/

Фото: МИА 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан