• понеделник, 23 декември 2024

Во штипскиот Центар за култура викендов официјално ќе се пушти фотонапонската централа

Во штипскиот Центар за култура викендов официјално ќе се пушти фотонапонската централа

Штип, 22 септември 2023 (МИА) - Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип утре и официјално ќе го означи ставањето во функција на првата фотонапонска  централа на кровната конструкција на една институција од областа на културата, информираше на денешната прес-конференција директорот на Центарот за култура „Ацо Шопов“-Штип, Горан Трајков.

Тој истакна дека на проектот се работело две години и е реализиран преку јавно-приватно партнерство. Пред да се постават фотоволтаиците се реконстрираше кровната конструкција на зградата на Центарот за култура „Ацо Шопов“, кој со години протекуваше.

-Фoтонапонската централа е со моќност од 240 киловати на час, што значи во просек би произведувала по еден мегават на ден, а можеби и повеќе, бидејќи нашето поднебје е доста сончево и се надеваме дека ќе имаме и поголемо производство. Тоа значи дека ќе имаме и поголем влез на средства кои ќе се искористат за различни цели за Центарот, вели Трајков.

По тој повод Центарот за култура „Ацо Шопов“ викендов ќе има и дводневна културно-уметничко програма под мотото „Енергијата е иднината“. Ликовни работилници, музички групи и ди џеи ќе има на сцената пред платото на Центарот за култура. Во рамките на оваа програма ќе биде и караванот под мотот  „Тоше за овој свет“. Во Центарот за култура ќе бидат изложени и лични предмети на нашата музичка легенда Тоше Проески. вдј /цр

Фото: МИА  

Остани поврзан